Балкан
13. February 2016 - 10:27

Умре на шалтер: Пензионер почина додека чекаше потврда дека е жив!

Вистинска драма се одвивала минатата недела во просториите на Хрватскиот завод за пензиско осигурување (ХЗМО) во Копривница.

На маж на возраст од 77 години ненадејно му се слошило на шалтер. Само паднал и останал неподвижно да лежи. Службениците веднаш повикале итна помош, но на несреќниот човек му немало помош.

Дури вчера се дозна дека умре чекајќи потврда дека е - жив! Чекајќи ред на шалтерот, паднал мртов.

Потврда за живот, како што се вика документот, им е потребна на лицата кои примаат пензија од странство.Постарите лица таа потврда мора секоја година да ја доставуваат во пензиските заводи во земјите од кои добиваат пензија.

Несреќниот 77-годишен пензионер, уверението дека е жив, за жал не го дочекал.