Македонија
25. July 2015 - 14:46

Умре мечето што се капеше во Охридското езеро

Младата мечка која деновиве беше забележана како се капи во водите на Охридското езеро кај некогашниот камп „Турист“ во близина на Радожда е пронајдена мртва.

Од здружението за заштита на животните Анима Мунди информираат дека мечката починала во големи болки зошто пред тоа имала некаква повреда на ногата.

Телото на мечката лежи на патот за Мали Влај.