Балкан
4. May 2016 - 10:46

„Умре другарот Тито“ - 36 години од веста што ја потресе цела Југославија

На денешен ден во 1980 година граѓаните на Југославија како и светот, со неверување ја дочекаа веста за смртта на еден од омилените државници.

Во 18.50 часот сите екрани се зацрнеа на 30 секунди, а секој Југословен ја памети реченицата на спикерот на Југословенската радио телевизија Миодраг Здравкович, кој со насолзени очи изговори: Умре другарот Тито.

Ништо помалку потресен не беше и водителот на програмата на ТВ Загреб.

-До работничката класа, работниот народ и граѓаните, народите и народностите на СФРЈ проглас: Умре другарот Тито, соопшти спикерот на ТВЗГ.

Следуваа неколку секунди тишина по што почна вонредна програма.

Еве како изгледаше веста што ја шокраше цела Југославија: