Македонија
18. December 2019 - 18:03

Уметничко цртање на трафо станиците од страна на учениците и наставниците на основните училишта во Општина Чаир

Општина Чаир и Организацијата “Centre for Common Ground" ја реализираа следната активност во рамките на проектот “Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија” кој е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Амбасадата на Холандија.

Овој пат учениците на 9-то одделение на основните училишта во Чаир заедно со нивните наставници по Ликовно Образование реализираа уметничко цртање на трафо станиците на територија на Општина Чаир, бришејќи ги графитите како говор на омраза и заменувајќи ги со прекрасни уметнички дела.

На ваков начин најдобро го промовираме мирот и го стимулираме креативитетот на младите за поубави населби.