Македонија
20. April 2019 - 9:08

Умерено облачно со слаб ветер

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 10 до 21 степен.

Во Скопје, слично време, умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот.