Свет
28. May 2018 - 12:37

Умерен земјотрес во Кина

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во северноисточниот дел на Кина, но засега нема информации за настрадани лица или причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот бил во близина на градот Сјанјуанг во провинцијата Ѕилин на длабочина од 13 километри, соопшти Националната сеизмолошка служба.

Локалните медиуми јавија дека луѓето панично излегувале од своите домови и оти спасувачките служби веднаш реагирале.