Балкан
9. January 2017 - 12:48

Умерен земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран северно од грчкиот град Патра, но нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.

Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри северно од Патра, на длабочина од околу пет километри, а бил почувствуван во западна Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, сеизмолозите соопштија дека нема причина за загриженост и додадоа дека ги следат афтершоковите.