Свет
30. November 2016 - 8:49

Умерен земјотрес во близина на Индонезија

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во Бандското Море во близина на индонезискиот брег, соопшти американскиот Геолошки институт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е објавена опасност од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 118 километри североисточно од градот Саумлаки, на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата.