Свет
22. July 2018 - 10:38

Умерен земјотрес регистриран во јужен Иран

Земјотрес со интензите од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во градот Руидар, во јужната иранска провинција Хормозган.

Засега нема информации за настрадани луѓе.

Руидар е град со 8.000 жители и се наоѓа на 940 километри јужно од Техеран.