Свет
1. April 2018 - 14:56

Умерен земјотрес регистриран во Иран

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во иранската западна провинција Керманшах.

Епицентарот бил во градот Сарпол-е-Захаб, каде во ноември минатата година беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтер, при што загинаа околу 600 лица.

За сега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета метеријална штета.

Иран е трусно подрачје поради што земјотресите се чести. Во земјотерсот со интензитет од 6,6 степени во 2003 година што го погоди древниот град Бам, загинаа 26.000 луѓе.