Свет
16. May 2016 - 8:41

Умерен земјотрес регистриран во близина на Египет

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во заливот Акаба, во северниот дел на Црвено Море, во близина на египетскиот брег, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри североисточно од туристичкиот град Дахаб, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.