Балкан
25. February 2021 - 8:24

Умерен земјотрес регистриран во близина на Дубровник

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во близина на хрватскиот град Дубровник, а бил почувствуван и во Босна и Херцеговина.

Епицентарот на земјотрсот бил на 14 километри југозападно од Дубровник и 68 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од еден километар.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.