Свет
17. July 2016 - 8:55

Умерен земјотрес ја погоди Јапонија

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот дел на Јапонија, а поради него се тресеа и зградите во главниот град Токио. 

Според проценките на Геолошкиот институт на САД епицентарот на земјотресот бил на 44 километри североисточно од Токио, на длабочина од околу 44 километри.

Засега нема податоци за евентуална штета.