Балкан
25. јуни 2016 - 11:17

Умерен земјотрес го погоди Истанбул и околните реони

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтерова скала го погоди утрово Истанбул и околните реони.

Епицентарот на потресот се наоѓал во Мраморно Море, во околината на градот Јалова.

Земјотресот бил почувствуван и во европскиот и во азискиот дел на Истанбул, а на некои места предизвикал страв и паника меѓу жителите. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Во текот на оваа недела сеизмолози коментираа дека постои можност да се случи силен земјотрес со интензитет од околу седум степени. Засега не е познато дали денешниот потрес е поврзан со тие прогнози.

Друг послаб земјотрес, со интензитет од 3,1 степен го погоди реонот на Егејското Море и бил почувствуван во Измир и туристичките места.