Уловен досега најдолгиот питон во светот
Огромен питон, долг од осум метри и тежок речиси 250 килограми, е уловен во Малезија, објави „Дејли телеграф“, наведувајќи дека овој рептил е досега најголемата уловена змија во светот.
Работници кои граделе нов надвозник на островот Пенанг, кој е популарна туристичка денстинација, го пронашле питонот под едно дрво и веднаш повикале помош.
За фаќање на змијата биле потербни околу 30 минути, а набрзо на социјалните мрежи се појавија фотографии со уловемиот питон, на која може да се види за колкава влечуга станува збор.
Според Гинисовата книга на рекорди, најдолга досега уловена змија беше питонот Медуза долг 7,6 метри, која се чува во американската сојузна држава Мисури. Медуза со неговите „само“ 158 килограми, е „ситен“ во споредба со питонот фатен во Малезија.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност