Свет
15. December 2017 - 13:56

Уљукаев осуден на осум години затвор

Поранешниот руски министер за економија Алексеј Уљукаев осуден е денеска на осум години затвор поради примање мито вредно два милиони долари.

Судот побара од него и плаќање парична казна од 2,2 милиона долари.

Судот утврди дека Уљукаев лично зел мито од Игор Сечин, извршен директор на енергетскиот гигант Росњефт.

Обвинителството побара тој да биде осуден на десет години затвор како и парична казна од пет милиони долари.