Македонија
10. December 2016 - 10:19

„Улична анкета“ во Скопскиот регион за управување со отпад

Во рамки на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“ денеска на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се спроведе „улична анкета“.

Граѓаните на специјално поставениот пулт ќе имаат можност да го искажат своето мислење, како и ставовите за проблемите поврзани со управувањето со отпад.

Проектот е инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање и финансиран од Европската унија. Досега се реализирани анкети во другите три региони, а предвидена е уште една улична анкета.