Македонија
6. September 2018 - 12:26

Улицата кај Градски стадион ќе го носи името на норвешкиот дипломат Столтенберг

Улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името “Улица Столтенбергова”, во чест на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг, во знак на благодарност од Град Скопје и на скопјани за несебичната негова помош по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година. 
 
Ова беше соопштено на денешната свеченост по овој повод, а на која присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
 
- Во годината кога ја одбележуваме 55-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, се збогувавме и со големиот пријател и почесен граѓанин на Скопје, Торвалд Столтенберг. Неговите заслуги во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 се огромни. Скопјани го паметат по изградбата на детската болница во Козле, што е донација на кралствата Норвешка и Шведска, изградбата на норвешките бараки во Тафталиџе, како и координацијата на помошта на норвешкиот Црвен крст што пристигала во првите денови по земјотресот, рече градоначалникот Шилегов, на откривањето на таблата на улицата Столтенбергова.