Македонија
28. September 2016 - 17:16

Улицата „Црвена Вода“ во Центар утре без вода

Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од улицата „Црвена Вода“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради изведба на водоводен приклучок од ф-80 мм на улицата „Црвена Вода“ бр. 11 во Дебар Маало, а ќе трае до завршување на изведба на истиот.