Македонија
26. February 2016 - 12:42

Украл ваљак и направил сообраќајка, едвај извлекол жива глава

Вчера околу 13.00 часот на локалниот пат с.Лешки - Кочани се случила сообраќајна незгода во која Љ.Н. (62) од Кочани, управувајќи работна машина (ваљак) марка „Хаман“, излетал од патот.
 
Во Љ.Н. се здобил со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и ребра) и по укажаната  помош во ЈЗУ Кочани  е препратен во К.Ц.-Штип.
 
Инаку, пред незгодата Љ.Н. извршил кражба на работната машина „хаман“, сопственост на „Жикол“ Струмица.
 
Увид извршила екипа од ПС Кочани.