Украл автомобил па направил сообраќајка - македонската полиција го фати
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против 27-годишниот Ј.П. од село Грчец, скопско, поради основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „Тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на Рeпублика Македонија.
-Кривичното дело пријавениот го извршил на 22.01.2018 година околу 12:20 часот пред маркет на улица „Борис Сарафов“. Имено, оштетениот се паркирал со своето патничко моторно возило „Форд Експлорер“ со американски регистерски ознаки за да купи нешто од продавница, а возилото го оставил да работи со клучот на бравата. Пријавениот ја искористил приликата, влегол во отклученото возило и го одзел. Оштетениот веднаш реагирал да го стигне и запре возилото, но не успеал, по што телефонски пријавил во СВР Скопје. Од страна на полициски екипи веднаш е отпочната потрага на терен во правец на движење на украденото возило, информираат од МВР.
Пријавениот J.П. најпрво предизвикал сообраќајна незгода удирајки со одземеното возило во друго возило, по што веднаш гo напуштил местото на настанот во правец на село Кондово, каде го оставил возилото и се дал во бегство. По кратко време Ј.П. е фатен и приведен.
Возилото е вратено на оштетениот, кој го препознал Ј.П. како сторител на кривичното дело.
Ново на Сител
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика