Свет
14. April 2016 - 14:22

Украинскиот Парламент ја избра новата Влада

Украинските пратеници денеска ја избраа новата Влада, на чие чело е поранешниот претседател на Врховната рада, Володомир Гројсман, кој доаѓа на местото на Арсениј Јацењук, кој поднесе оставка, јави ТАСС.

Досегашните министри за надворешни, за внатрешни работи и за одбрана ги задржуваат функциите и во новата Влада. 

Гројсман, најмладиот премиер во историјата на украинската државност, е роден на 20 јануари 1978 година во градот Виница. Тој завршил Правен факултет, по што извршувал раководни должности во бизнис структурите, а потоа станува градоначалник на Виница. Дипломирал и на украинската Претседателска академија за државно управување. 

Во февруари 2014 година стана вицепремиер и министер за регионален развој, а ја предводеше и владината комисија, која ги истражува причините за несреќата на авионот Боинг-777 во Доњецката област.

Избран е за пратеник во Врховната рада кон крајот на 2014 година и станува нејзин претседател. Тој е женет и има три деца.

Гројсман вети дека ќе ги продолжи реформите, специјално со цел да биде обновена помошта од Западот.