Фудбал
3. September 2018 - 17:58

Украинскиот милијардер Ахметов го превзема Вардар?!

По најавата дека Сергеј Самсоненко се повлекува од ФК Вардар во јавноста  се појавија разни шпекулации за иднината на најголемиот македонски клуб.  Според неофицијални информации интерес за повеќекратниот шампион на Македонија пројавил сопственикот на Шахтјор Доњецк, украинскиот милијардер Ринат Ахметов.

                Ахметов  кој е сопственик на компанијата Систем – Холдинг и располага за богатство од 6,5 милијарди долари преговара со Самсоненко да го преземе фудбалскиот но и ракометниот клуб Вардар кој освои титула европски шампион.

                Луѓе на Ахметов веќе биле во Македонија на тајна средба со рускиот бизнисмен и направиле инспекција на тренинг центарот и академијата но и останатите инфраструктурни објекти поврзани со  Вардар.

                Покрај со Самсоненко претставниците на украинскиот милијардер оствариле средба и со официјални лица на Град Скопје во чие владение треба да се врати Вардар за да се бара решение за неговата иднина.

                Ахметов покрај што е бизнисмен беше и пратеник во украинското собрание а со преземањето на Шахтјор Доњецк освои 10 титули во украинското првенство и Лига Европа.

                Очигледно дека Самсоненко сака да го остави Вардар во сигурни раце и без финансиски обврски откако вети дека до 31. Декември ќе ги расчисти сите долгови на клубот.