Украински суд нареди апсење на Виктор Јанукович
– Украински суд донесе одлука и нареди апсење на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, обвинувајќи го за предавство.
Јанукович беше претседател на Украина од февруари 2010 до февруари 2014 година, по што побегна во Русија, со која тесно соработуваше и во време кога беше прв човек на Украина.
Претходно Јанукович беше осуден на 13 години затвор за предавство, поради блиска соработка со рускиот претседател Владимир Путин, од кого побара руската армија и полиција да воспостават ред во Украина.
Овојпат тој е обвинет за предавство поради договорот што го потпиша во 2010 година, а кој беше поврзан со продолжување на руската контрола врз Крим. Договорот е познат како Харковски пакт, што и овозможи на Русија да ја задржи својата Црноморска флота во кримското пристаниште Севастопол. Токму Црноморската флота изврши дел од руската инвазија на Украина од крајот на февруари до денес.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња