Loading Video...
Свет
8. January 2020 - 16:45

Украински авион се урна во Иран

Украински авион со 176 лица се урна веднаш по полетувањето од Техерен во Иран. Преживеани нема. Засега не се познати причините за несреќата. Украинските власти соопштија дека трагедијата се случила поради технички проблеми и ја исклучија можноста за терористички напад, но кратко потоа го повлекоа сооштението.

Страшна трагедија во Техеран. Авионот на УИА се урна наутро. Веќе е организирана работа за утврдување на причините за трагедијата. Украинскиот конзул работи на лице место. Формирана е оперативна кризна група.

Во  меѓувреме иранските власти сооопштија дека се пронајдени црните кутии на авионот. Но не планираат да ги предадат на Украина.

Меѓу патниците кои загинаа најбројни биле Иранците-осумдесет и двајца, 63 канаѓани, но има швеѓани, афганистанци, британци и германци.