Loading Video...
Свет
7. January 2019 - 16:15

Украинската автокефалност во фокусот на празнувањата за Божик

Православните христијани ширум светот го слават најрадосниот празник – Раѓањето Христово - Божиќ. Црквите во Русија, Грузија, Украина, Србија, Египет и Ерусалим кои се водат според Јулијанскиот календар се оние кои го слават Божиќ на 7 јануари.

Патријархот на руската православна црква Кирил, Божиќна литургија служеше во главната руска црква, Храмот Христос Спасителот во Москва, на која присуствуваше и премиерот Димитриј Медведев. Претседателот на Русија Владимир Путин пак литургија слушаше во Црквата Преображение во Санкт Петерсбург.

Поглаварот на РПЦ Кирил во своето обраќање до верниците упатил порака да останат на страната на светот. Тој во својот говор воопшто не го споменал чинот на давање на независнот на Украинската Православна Црква од страна на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, чин кој што е можно да предизвика голем раскол во православието. 

“Томосот” со кој што и се даде автокефалност на украинската православна црква беше потпишан во Истанбул, во пресрет на Божиќ.

Преку литургија одржана од грчкиот патријарх Теофилос Трети голем број на верници го одбележаа Божиќ и во Витлеем во црквата на Христовото раѓање, изградена на местото за кое се верува дека е место на раѓање на Исус Христос.

Српскиот Патријарх Иринеј, кој служеше света архиерејска литургија во Храмот Свети Сава во Белград., ги повика верниците на меѓусебно почитување и разбирање.

Патријархот на Коптската православна црква ја предводеше божиќната литургија во Каиро, на која што присуствуваше и претседателот на Египет Абдел Фатах Ел Сисис. Објектите во кои се одржува божиќна литургија се под засилени мерки за безбедност поради тоа што често пати се мета на терористички напади.

Дел од православните христијани, оние  чии што цркви се водат по Грегоријанскиот календар, Божиќ го славеа на 25 декември.