Македонија
12. July 2019 - 16:34

Украинската амбасада не знаела за лажниот Порошенко, Димитров смета дека во 21 век не се водат белешки од разговори

Шефот на македонската дипломатија Димитров смета дека ова е модерно време во кое  дипломатијата sсе води преку директни врски а не преку белешки од минатиот век.  Вака тој ги коментира разговорите на премиерот Заев со лажните Порошенко и Столтенберг. Не одговара конкретно дали за овие разговори биле испратени белешки до МНР бидејќи според него тоа не е пресудно во случајот.

- Колку повеќе додаваме оган на гориво на збрката толку ја растеме. Дали може, ние живееме во денеешен свет каде сите државниците комуницираат директно , мислите дека за секој контакт има белешка/ 21 век 2019 животот е брз работата е брза диплматијата е многу многу брза, особено за земја која шшто  многу години  изгуби делумно во од во место делумно кон одење назад особено од 2008 д 2017 последниве две години имаме неверојатна брзина токкму во резултати во надворешната политика. Се гледа НАТО членството, јас сум голем оптимист за почетокот на пристапни преговори со ЕУ. Прашање што ни беше котва што не влечеше назад прашањето со соседна грција сега зад нас.  Време е целиот регион да го дигнеме и да влијаеме врз сите околу нас забрзано да исчекориме напред.

-  Оваа филкозофија со белешки со ... таа е филозофија на минатиот век. Нити сме единствени што биле жртва на ваков напад на лажно претставување, в еројатно такви нешта ќе има и во иднина во смисла на обиди да се концетрираме на реалноста и на вистината.

Димитров денеска се сретна со амбасадорката на Украина во земјава и со неа договори продолжување на безвизниот режим меѓу двете земји. Таа до објавувањето на разговорите во јавност, ниту еднаш не добила информација дека макеоднскиот премиер фрекфентно разговарал со лице кое се претставувало како поранешниот украински претседател.

Во овој случај мислам ќе биде коретно да барате коментар на претс на владата на РМ тој веќе даде коментари и од амбасадорот на руската федерација

И премиерот Заев кој пред неколку дена дознал дека наседнал кај руските пранкери, порача дека ќе продолжи да комуницира директно преку мобилен и сите интернет алатки со кои располага. Според премиерот Русија не стои зад оваа измама. Во меѓувреме руските комичари објавија серија фотографии од кои се гледа дека во текот на цела измината  година  и премиерот нив ги контактирал и испраќал пораки и фотографии од средбите кои што ги имал со европските лидери. Тој на комичарите им го дал и мобилниот број на косовскиот претседател.