Свет
16. October 2021 - 9:09

Украина воведе санкции против организаторите на руските парламентарни избори во Крим и Донбас

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобри лични мерки против оние кои учествуваа во организацијата на изборите за Државната дума во Крим и делот на Донбас што не е под контрола на Киев. Ова го соопшти секретарот на Советот Алексеј Данилов, цитиран од украинските медиуми.

– Продолжуваме да воведуваме санкции. Денеска тие засегаат 237 луѓе, рече тој на брифинг.

Секретарот додаде дека мерките главно ги засегаат членовите на изборните комисии.