Свет
11. August 2016 - 14:44

Украина тврди дека Русија пренесува на крим современо опремни сили

Русија во последните денови на границата со Украина и на Крим испрати нови, модерно опремени сили, изјави денеска портпаролот на украинските погранични служби, Олег Слободијан.

- Недвосмислено можеме да потврдиме дека Русија постојните трупи на оваа граница ги заменува со нови, посовремено опремени сили, рече Слободијан на брифинг, одржан во време на зголемување на тензиите меѓу Москва и Киев.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го обвини Киев дека користи терористичка тактика во обидот да предизвика нов судар и да го дестабилизира Крим, што Москва го анектира во 2014 година, пренесуваат британските медиуми.