-->
-->
Украина со нови економски санкции против Русија
-->
Премиерот на Украина, Володимир Гројсман денеска изјави дека Киев воведе нови економски санкции против Русија.
Предвидена е забрана за испорака на одредени артикли и воведување на посебни царини.
– Ова се реципрочни мерки – ембарго и специјални царини за руските стоки, појасни премиерот, додавајќи декаограничувањата ќе се применуваат на оние артикли што „се целосно произведени“ во Украина или може да се заменат со алтернативни резерви.
Првиот вицепремиер на Украина, Стјепан Кубив истакна дека забраната ќе се однесува за некои видови „индустриски производи, минерални ѓубрива, земјоделски производи, транспортни средства, иверица и други”.
Тој, исто така, рече дека дополнителните царини за руските стоки ќе стапат во сила на 1 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење