Украина протестира во ОН поради указот на Путин во врска со Крим
Советот за безбедност на ОН синоќа на ја усвои украинската декларација, со која се осудува указот на рускиот претседател Владимир Путин за вклучување на Крим во Јужниот федерален округ на Русија.
Русија, како постојана членка на Советот, вчера стави вето на текстот, предложен од Киев, соопштија дипломатски извори.
Во предлог-декларацијата „било потврдено целосното почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, а изразена е и „длабока загриженост“ на СБ на ОН од указот на Путин.
Документот, освен тоа, потсетува и дека Генералното собрание на ОН во 2014 година ја осудило анексијата на Крим од страна на Москва.
Кремљ соопшти дека Путин со указ го вклучил Крим во Јужниот федерален округ на Русија.
Според украинскиот претставник во ОН, Володимир Елченко одлуката на рускиот претседател за укинување на досегашниот Кримски федерален округ е „ништовна“.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората