Свет
9. January 2016 - 9:24

Украина - привидно замрзнат конфликт

На крајот на 2015 година, оружјата на фронтот во Донбас навистина замолкнаа, но тоа е можеби затоа што грмат во Сирија

Русија очигледно не е во состојба да води две војни истовремено - во Украина и во Сирија. Во Кремљ не е можно да не го разгледувале тоа кога донеле одлука за вклучување во Сирија, и тоа на толку активен начин.

Дали во Москва решиле дека интересите и целите кои се наметнуваат во Сирија имаат приоритет над оние во Украина? Или просто Сирија им даде добар повод да го одвлечат вниманието од украинскиот жив песок кое и нанесе толку голема политичка, дипломатска и економска штета на Русија.

Нема сомнение дека на план на имиџот мисијата која Путин ја наметна во Сирија и начинот на кој таа се спроведува го изнесе на преден план во орбата против исламска држава и меѓунаросниот тероризам. Причината за западните санкции заради Крим и Украина, се симна од првите страници на весниците и сега далеку поактуелно изгледа прашањето дали ќе се реши Западот на единствен фронт со Москва против меѓународниот тероризам кој во моментов пологично се гледа како главна закана за западната цивилизација? Дали таа историска алијанса слична на она од Втората светска војна ќе се оствари, сеуште е тешко да се каже. Но факт е дека на радост на Путин светското јавно мнение изгледа почна да заборава на тоталната војна која само до пред неколку месеци беснееше во Источна Украина. Оружјата таму до глема мера замолчеа и двете завојувани  страни силно му даваат предност на дипломатскиот јазик.

Истото се забележува и на највисоко политичко ниво. Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, во октомрви се сретнаа во Париз по што сепаратистите во Доњецк и Луганск од спроведување избори за инает на контролираните од нив територии, кои се закануваа да го урнат мировниот процес кој почна така мачно по вториот Мински договор од почетокот на оваа година. Конечно успешно тргна и процесот за повлекување на тешкото оружје и на оддалечување на силите од линијата на фронтот.

За жителите на опустошените зони од војната ова затишје - реално или лажно, значи готја здив и шанса да поживеат и постпијат спокојно. А тоа е драматична промена по месеците преживеани ужаси и страдања. Сега тие се молат таа промена да стане трајна. Пред целосната реализација на Минските договори всушност стојат се уште огромни предизвици кои изгледаат непремостиви, дури и ако се сфата сериозни зборовите и позициите како на Киев, така и на сепаратистите.

Токму така се изрази неодамна Александар Захарченко, лидер на самопрогласената проруска Доњецка народна република. „Поверојатно е Украина да стане дел од нас, отколку ние да се вратиме во Украина“, рече тој. Захарченко и неговите колеги природно со ја качуваат цената искористувајќи ги месеците на воено затишје да го обработуваат населението кое не избегало и сеуште останува на териоријата која е контролирана од нив и да го убедуваат дека се спротивставуваат на „фашисти“ (како што ја нарекуваат украинската армија).

По толку крв и злосторства мирот тешко пушта корења. Ако сепаратистичките лидери го сменат тонот, тие ризикуват да ја загубат својата улога и смисла. Но сепак треба да се напомене дека и меѓу нив почнуваат да се забележуваат ралики и разидувања. На пример, Денис Пушилин, кој ги претставуваше бунтовниците на Минските преговори, се истакнува како поумерен и склон кон компромиси со властите во Киев, за разлика од Захарченко.

И вака и онака и покрај периодичните нарушувања на примирјеот, во последниве месеци Минскиот процес едвај тргна. Повлекувањето на тешкото оружје од линијата на судирите е завршено. Но доаѓа времето да се исполни најсуштинската и најтешката - политичкиот дел од договорот. Тоа треба да доведе до реинтеграција на отцепените региони назад во Украина, макар и со поширока автономија од Киев. Во врска со подробностите како ќе се изведе тоа престои да бидат прецизирани во преговарачкиот пазар. Позитивен елемент е дека бунтовниците ги одложија изборите на своите територии, веројатно по упатства од Москва. Но тоа одлагање всушност е добивање на време. Зависи како ќе се одвиваат односите во нордманската четворка, која е покажа како мотор за исполнување на Минскиот договор. Зависи веројатно и како ќе се развива конфликтот во Сирија.

Но прашањата кои треба да бидат прецизирани се јасни и комплицирани.

Кој ќе ги обезбедува изборите за да нема претензии кон нивната чесност? Логиката на Киев е дека бунтовниците треба да се самораспуштат и да се потчинат на украинската влада.

Кои партии ќе учествуваат на изборите? Претставници од украинската влада во неофициијални изјави велат дека не може да има амнестија за проруските бунтовници кои тие ги сметаат за „криминалци“ иако таквата амнестија е специјално договорена во договорот од Минск.

Отворено е и прашањето кој ќе има право на глас на изборите. Киев бара сите оние кои избегале од бунтовничките територии да имаат право да се вратат и таму да гласаат. Станува збор за стотици илјади луѓе. Многу од нив се во Русија и Москва сака и тие да можат да гласаат од далеку, тоест од местата ккаде што се сега. Но Киев вели „не“.

Клучно прашање е воспоставувањето контрола на Киев над својата земја од границата со Русија, нешто кое барем во теорија треба да следува по изборите. Тоа во пракса би значело бунтовниците да ја исклучат машината која ги одржува во живот.

Сето тоа се нешта кои за секого е тешко да си ги замисли како можат да бидат исполнети при сеганшата сеуште војна. И сосема логично е прашањето дали договорот од Минск не е само политичка димна завеса, која нордманската четворка ја создаде да ги замрзне конфликтите и да го тргне на неопределено време од медиумите и вестите додека не се дојде подобро време за развркса од друг вид.

Но кој во оваа фаза ќарува од сегашната пат ситуација? Путин? Можеби. Има аналитичари кои сметаат дека тој бара начин молкум да ја повлече својата поддршка за сепаратистите, без да си наштети на својот имиџ. Но тврдењата дека тој го врти кранот на финансиската, политичката и воената помош (последново тој директно го негираше) за бунтовниците засега изгледа се само гласини.

Она од кое Путин има најголем интерес е ЕУ да ги подигне економските санкции кон Русија, затоа што при продолжување на падот на цените на енергетските суровини Москва е во многу тешка позиција. И многумина во Украина сметаат дека со некои негови чекори во последно време тој сака да создаде впечаток дека бара начини за средување на конфликтот за да бидат повлечени санкците. Тие стравуваат дека Франција и Германија, притиснати од мигрантскиот бран, можат да се согласат на руската „волшебна“ офанзива и да се солгасат на „историски“ компромис за Украина и Крим без целосно воспоставување на суверенитетот од Киев. Покрај тоа, ним им треба Путин како сојузник за средување на сирискиот конфликт кој им создава толку многу непријатности.

Но постојат и обвиненија против Киев дека исто игра политичка пантомима. Економијата и инфраструктурата на бунтовничкуте територии е уништена од воениот конфликт. Враќање на тие територии сега кога самата Украина е на праг на финансиски банкрот уште повеќеби ги отежнале напорите на претседателот Петро Порошенко да ја извлече земјата од пропаст и да ги оствари реформите за кои Западот притиска. Но тој треба да покаже дека прави се за да си ги врати источните територии затоа што опозицијата нема да му прости никаква зделка со Москва. Крајните националисти веќе се закануваат со нов Мајдан, при што Порошенко може да снајде судбината на неговиот претходник Виктор Јанукович.

На основа на оие реални и хипотетички, локални, регионални и меѓународни фактори на крајот на 2015 година, шансите за трајна мирна разврска на украинскиот јазол изгледаат многу слаби. Реинтеграцијата на Источна Украина и Крим, барем онака ако што Киев би сакал да ги види, изгледаат како утопија ако нема смена на власта и во Москва.

Конфликтот ќе си остане замрзнат како и многу други сличи конфликти во поранешиот советски простор и она на кое можеме да се надеваме е да нема опасни епизодични воени изблици и провокации во нарушувањето на примирјето, кои ќе доведат до опасна и неконтролирана ескалација. Затоа што ако нештата тргнат по тоа ризично сценарио, тогаш ќе можеме да зборуваме не само за враќање кон студената војна, туку можеби и за нешто многу полошо. Особено ако се има предвид сето останато што се случува сега во светот.