Свет
16. May 2016 - 11:55

Украина несигурно се движи напред кон трговскиот договор со ЕУ

Њујорк тајмс - Њујорк

Пред да се скијаат по рамно или да се спуштат по снежни падини, многу од скиите низ светот доаѓаат од ова оживеано и огромно претпријатие во западна Украина.

Тука техничари-тестатори комбинираат меки ленти од карбонски влакна со тенки титаниумски листови, по што се пресуваат при висока температура, ги обликуваат и полираат, претворајќи ги во готови скии за скијање по рамно или за употреба на планинските падини.

Тука исто тестаторите на пареа загреваат дрва и го виткаат во палки кои ги користат хокеарите низ целиот свет, со брендирани наслови како Најк или Оксело.

Австрискиот сопственик на компанијата Фишерс спортс им плаќа на работниците плата од околу 307 долари месечно - веројатно една осмина од сумата која тестерите дрводелци или техничари би ја добивале во татковината на Фишер.

А по јануари, кога влезе во сила новиот трговски договор меѓу Украина и 28-те членки на ЕУ, расходите на Фишер паднаа уште повеќе со укинувањето на царините за машините и суровините кои се увезуваат во земјата, и за готовите производи кои обратно се изнесуваат.

Платите можеби изгледаат никакви во однос на западните стандарди, но 1500-те работници во компанијата гледаат на оваа работа како голема можност. Украина е една од најсиромашните земји на северната полутопка, со економија која генерира под 3,100 долари по глава на жител годишно.

- Европа е нашата иднина, рече Јури Ормос, механичар на производната линија за скии.

Но таа иднина е помрачена од неспокојното минато на Украина, тензиите со Русија и национализмот, кој е закан за солидарноста во Европската унија. Неодамна во Холандија на референдум, чии резултати не беа обврзувачки, речиси две третини од холандските гласачи побараа од владата да ја повлече поддршката за трговскиот договор со Украина.

Иако Фишер и други мултинационални компании, меѓу кои и Нексанс, францускиот производител на електрични кабли, инвестираа во производството во Украина за да го искористат договорот со ЕУ за слободна трговија, редица компании се колебаат да започнат бизнис во таа поранешна советска република.

Така што не е јасно колку подалеку од западниот крај на Украина блиску со границата на Полска, каде се наоѓаат повеќето такви компании, можат да допрат таквите предности од трговскиот договор. Но исто така и како ќе се одразат целосно врз економијата во таа земја, со население од 44,4 милиони жители, од кои пет милиони во моментов живеат во области кон кои имаат претензии Русија или проруските сепаратисти.

- Одвреме навреме забележуваме поединечни успеси, но многу е рано да се зборува за успеси во целина, вели Тимофиј Милованов, раководител а киевскиот Институт за економија. „Во целина, економијата на Украина воопшто не бележи раст, притисната од ниската продуктивност и широкораспространета корупција“, објасни Милованов. Дури во далеча перспектива би можело трговскиот договор да ги извади украинците од сиромаштијата.

Договорот, познат како Договоро за асоцијација со ЕУ, веќе мина тежок пат. Откако поранешниот украински претседател го отфрли во март 2013 година, претпочитајќи соработка со Москва, проевропските граѓани излегоа на на улиците на Киев на протести кои доведоа до револуција.

Новата влада во Киев го потпиша договорот со ЕУ во март 2014 година. Но истиот месец Русија ја анектираше украинската провинција Крим, со што ја распали поддршката од Москва за граѓанска војна во источна Украина.

До влегувањето во сила на договорот со ЕУ толку многу Украинци беа исплашени или очајни од војната и годините на рецесија, што едвај и го забележаа.

Но тука во Мукачево, живописно гатче со калдрмисани улици и замок од 14-иот век, кој останал од Австро-унгарската империја, фабриката Фишер дава бегол поглед за тоа ако во иднина ќе изгледа поголемата европска интеграција за таа земја.

Украинскиот огранок на Фишер е приватна сопственост, и не ја открива финансиската состојба на фабриката. Но раководителите велат дека очекуваат користа од трговскиот договор да додадат околу 500 илјади евра кон профитот за оваа година.

- Во Украина ги има сите неопходни услови за инвестиции, рече директорото на фабриката Василиј Рјабич во интервју направен во неговата канцеларија која гледа кон добро одржуваниот двор на фабриката опколен со розеви дабови.

На начин на кој северноамериканскиот договор за слободна трговија од 1994 година и даде импулс за лесната индустрија на границата на Мексико со САД, договорот за асоцијација има за цел да го насочи развојот во реоните на раницата на Украина со ЕУ. Во замена, Украина е задолжена да ја смени својата економска политика со мерки како судски реформи, и промена на правилата за државни нарачки.

Фабриката Фишер е само една од симболите за странски инвестиции кои се множат во Лвов - регионалната престолнина на западна Украина.

Француската компанија Нексанс неодамна изнајми земјиште во близина на Лвов, каде планира да инвестира 120 милиони гривни, или околу 4,7 милиони долари, за фабрика за автомобилски гуми, и каде ќе бидат отворени две илјади работни места. Друга фабрика на Нексанс во истата област, веќе произведува гуми за БМВ, Џенерал моторс и други авомобилски компании.

Леони, германскиот конкурент на Нексанс управува со фабрика во Стрији, во Лвовската област, и произведува кабли за Фолксваген, Опел, Порше и други.

Фуџикура, јапонскиот призводител на автомобилски делови, минатата есен објави планови да отвори фабрика во следните три години, во која ќе бидат ангажирани околу три илјади украинци.

-Економијата е ориентирана кон Европа, рече Вероника Мовчан, економист во ВоксУкраина, истражувачка организација во Киев.

Свртувањето кон ЕУ ја зголеми трговијата на Украина со ЕУ за повеќе од една третина од вкупниот увоз и извоз - во споредба со 2012 година тој удел бил под една четвртина.

Но за стото време украинскиот извоз за Русија опаднал од повеќе од една половина на 12,7 проенти - дел кој може уште да опадне затоа што Москва воведе царина за стоките од Украина како одговор на договорот со ЕУ.

Безцаринската трговија со Европската унија е двонасочна улица: што повеќе европски производи им конкурираат на домашните стоки, Украина може и да не ја достигне скромната прогноза од еден процент раст за годинава, предупредуваат некои економисти.

Трговскиот договор наложи исто така и строги ограничувања за увозот на земјоделски производи во ЕУ, а земјоделието е една од најсилните страни на Украина. Квотите за мед без царина, на пример, се толку мали што украинските пчелари ги исполнуваат уште во првите шест недели од годината.

- Ако Украина воопшто има некаква надеж, тоа е земјоделието, рече Иван Чакаров, главен економист за поранешниот Советски сојуз во Ситибенк. „Но фактот што тие веќе ги исполниле повеќето годишни квоти, покажува дека договорот не го дава саканиот резултат“.

Тоа е уште една причина за приврзениците на трговскиот договор да очекуваат понатамошен успех од фабриката Фишер, чие производство ги надминува скапите скии и палките за хокеј.

Со покажаната пресретливост при работата со материјали од фиброкарбони и на основа на зголемената побарувачка во регионот за автомобилски делови, фабриката отворила оддел за наемно полирање на компоненти за атомобилската индустрија.

Блескавите лесни делови вклучуваат монатшни јазли за моторите за високоефективниот модел на БМВ М3; и надворешни панели за Ауди, Порше и Тесла. По полирањето, деловите се транспортираат обратно кон побогатите пазари.

- Ние сме како Кина, вели Рабич, директорот за фабриката. „Но на границата со Европа“.