Свет
18. July 2017 - 20:31

Украина и Грузија заедно ќе работат на членството во НАТО и ЕУ

Претседателите на Украина и Грузија се согласија денеска заедно да работат на спроведување на своите амбиции за членство во НАТО и ЕУ.

- Се согласивме заедно уште поактивно да бараме интеграција на Украина и Грузија во ЕУ и евроатланскиот простор, истакна грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили.

Украинскиот лидер Петро Порошенко нагласи дека постои закана кон независноста и демократијата и додаде дека двете држави ќе ги координираат чекорите кон членство во Унијата и Алијансата.