Македонија
28. November 2017 - 13:48

Украдено црковното ѕвоно од “Света Злата Мегленска“ тешко 160 кила

Во полициска станица вчера 48-годишниот Г.Ј. од Скопје пријавил дека во периодот од 13.00 часот на 25. месецов, до 08.00 часот на 26. непознат сторител извршил тешка кражба во храмот  “Света Злата Мегленска“  на влезот во селото Сарај.

Сторителот го украл црковното sвоно со тежина од 160 килограми.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.