Македонија
19. February 2016 - 11:12

Украдени пет лаптопа од училиште во тетовско Радиовце

Непознати сторители извршиле тешка кражба во основното училиште „Гоце Делчев“ во тетовско Радиовце одземајќи пет мини лаптопи. Кражбата се случила ноќта помеѓу средата и четвртокот, а била пријавена во полиција во текот на вчерашниот ден од страна на вработен во училиштето, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Се претпоставува дека сторителите најверојатно преку покривот на помошната просторија влегле на првиот кат од објектот, потоа насилно ја отвориле вратата на една од училниците и од метален плакар одзеле пет мини-лаптопи.

Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.