Македонија
31. October 2017 - 11:17

Украдени пари од црквата во Горна Бошава

Украдени се пари од црквата „Свети Илија” во поткожувското кавадаречко село Горна Бошава. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски денеска информираше дека кражбата била пријавена вчера во кавадаречката полиција. 
     
- Во периодот од 15-ти до 30-ти овој месец, од страна на непознато лице е влезено во црквата. Со погоден тврд предмет била отворена металната каса и од неа одземени пари оставени од верниците, соопшти Додевски.