-->
-->
Украдени над 70.000 евра на македонските патишта - полицијата го уапси крадецот
-->
- МВР поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство во Скопје против И.И. (30) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 73.000 евра.
Од судија на претходна постапка на И.И. веќе му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
МВР информира дека И.И. на 12-ти овој месец нешто по седум часот, на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје забележал дека во возилото на оштетениот има торбичка со пари, која што била на совозачко седиште од автомобилот.
- Откако оштетениот тргнал со своето возило, напуштајќи ја бензинската пумпа, во правец кон Скопје, бил престигнат од возилото на пријавениот И.И. кој во еден момент со десната рака почнал да покажува кон десното задно тркало од возилото на оштетениот сигнализирајќи дефект. Оштетениот застанал и се упатил кон задниот дел од возилото за да провери за што станува збор, а пријавениот во тој момент ја одземал торбичкаата и избегал, се вели во соопштението од МВР.
Веднаш по пријавата презмени се мерки и активности. И.И. е приведен, а во полициска станица извршено е и препознавање на обвинетиот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници