Македонија
16. November 2017 - 14:30

Украдени 51 пиштол од продавница за ловна опрема во Скопје, полицијата трага по вооружен маж

Во текот на вчерашниот ден од 14. часот до 09.00 наредното утро, била ограбена продавница за ловна опрема во Скопје.

Полицијата информира дека на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, во продавницата за ловна опрема на 62-годишниот Д.С. од Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба, откако со употреба на погоден алат, влегол во продавницата и одзел вкупно 51 пиштоли и револвери, по што побегнал во непознат правец.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.