Македонија
21. December 2015 - 13:24

Украдени 47.000 евра од куќа во Прилеп

Непознат сторител вчера украл 47.000 евра од куќа на ул. „Менде Ивановски“ во Прилеп, соопшти МВР.

Според сознанијата на полицијата, крадецот влегол во куќата преку балконската врата, ги земал парите и избегал. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.