Македонија
22. September 2020 - 11:32

Украдената бродска опрема не е од пловила засидрени во делот од Студенчишкиот канал со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“

Бродската опрема украдена од неколку пловни објекти од Студенчишкиот канал на Охридското Езеро е одземена од плоовила што не се закотвени во делот од каналот со кој стопанисува охридското Јавно претпријатие „Билјанини извори“.

ЈП „Билјанини извори“ како правен субјект што стопанисува со дел од Студенишчкиот канал истакнува дека кражбата се извршена во дел од каналот што не е обезбедуван од претпријатието, односно дека за нивните сидришта е обебзеден постојан видео-надзор.

Од претпријатието истакнуваат дека стојат на располагање на СВР Охрид во прибирањето информации за што побрзо расветлување на случаите и пронаоѓање на крадците.

Непознати сторители изминатиот период украле најмалку три вонбродски мотори и друга опрема од пловила закотвени во Студенчишкиот канал во Охрид. Кражбата ја забележал еден од сопствениците на чамец,кој случајот го пријавил во полиција.

Оштетените лица сметаат дека се работи за однапред смислен план за стореното дело, оттаму што моторите биле украдени во овој период кога заначително е намалена фраквенцијата на движење во тој дел од градот. Некои од сопствениците сметаат дека кражбата била извршена со друг пловен објект.

Во соопштението што во врска со случајот го издаде СВР Охрид беше посочено дека случајот во полиција го пријавил О.Ч. (49), според кој од засега непознат сторител му бил одземен вонбродски мотор марка „Томос“, оставен необезбедена на чамец во каналот „Студенчишта“. На 19 овој месец и А.С. (69) и П.Г. (64), двајцата од Охрид пријавиле дека од чамци во каналот исто така им биле украдени пентите. Според пријавеното, одземањето на пентите било извршено со употреба на подесен алат. Пред два дена во полиција Н.Ѓ. (36) од Охрид пријавил дека непознат сторител му одзел таблет „Самсунг“, оставен во брод закотвен на Градското пристаниште.

Од полицијата посочија дека се преземаат мерки за расветлување на казнени дела.