Македонија
27. May 2018 - 12:02

Украдена камера за надзор од граничниот премин Белановце

Од Министерството за внатрешни работи синоќа пријавиле дека во реон на Злокуќане, при контрола од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Белановце, било констатирано дека била украдена дигитална  камера за надзор.

-Непознатиот сторител ја одзел камерата на начин што целосно го исекол дрвото на кое била поставена на 25.05.2018 година, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.