Македонија
16. January 2016 - 12:51

Украден пиштол од куќа во Битола

Пиштол  марка „Застава“ М-57 калибар 7,62 мм и 50 куршуми со калибар 7,62 мм  се украдени вчера од куќа  на улица „Широка“ во Битола.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, непознат сторител со насилно отворање прозорец од куќа во сопственост на Н.М.(41) извршил тешка кражба и одзел пиштол марка „Застава“М-57 калибар 7,62 мм кој го поседувал со одобрение и 50 куршуми калибар 7,62 мм, по што го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.