Македонија
20. April 2018 - 14:45

Украден “Мерцедес Ц 200“ од Партизанска

Во 01,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавил 36-годишниот О.А. и пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот на булеварот “Партизански oдреди“ застанал со своето возило “Мерцедес Ц 200“  за да влезе во аптека и го оставил возилото со клучот внатре во него.

Непознато лице го искористило тоа и го одземало возилото “Мерцедес Ц 200“ со скопски регистерски таблици.

Се работи на расчистување на случајот.