Македонија
13. July 2018 - 17:55

Украден „Голф 3“ од двор во Скопје

Украден автомобил од семеен двор, полицијата трага по сторителот.
- Вчера околу 9.30 часот Х.М.(30) од Скопје пријавил дека во времето од 00,30 до 5 часот од страна на непознат сторител од неговиот двор извршено му е одземање на патничко моторно возило "Голф 3" со скопски регистраски ознаки сопственост на З.Ј.(32). Со извршеното дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 150,000 денари, стои во соопштението на мВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.