Македонија
4. November 2016 - 12:38

Украден автомобил во Скопје, пронајден запален на Обиколница

Вчера во 10.00 часот од ЕИК Скопје било известено дека во текот на ноќта 02/03.11.2016 година во периодот од 21.00 до 06.00 часот од паркинг на ул. „Столхомска“ непознат сторител на непознат начин одзел патничко моторно возило „Нисан Сани“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.А.
 
Во 06.15 часот на обиколницата под надвозникот за с.Кондово – с.Волково, на м.в.Велеполе, полициски службеници го пронашле опожарено истото патничко моторно возило.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.