Македонија
19. January 2017 - 10:06

Укинати забраните за камиони на Плетвар и Пресека

Укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот премин Пресека и на планинскиот превој Плетвар, соопшти АМСМ.

Забрани за камиони има на планиските премини Стража, Ѓавато и Маврово, на патниот правец Валандово - Дојран, а од  осум часот утрово затворен за камиони е и магистралниот пат Скопје - Граничен премин Долно Блаце.