Македонија
1. December 2017 - 8:38

Укинати домашните притвори - осомничените пренесени во Шутка

Откако Јавното обвинителство поднесе жалба до Апелација, сите шестмина осомничени за настаните во македонското Собрание на 27. април на кои им беше одреден домашен притвор, ќе бидат пренесени во затворот Шутка.

Апелациониот суд ги прифати сите жалби на Јавното обвинителство кои беа поднесени поради одлуките на Основниот суд Скопје 1, за одредување мерка на претпазливост домашен притвор, за осомничените кои се товарат за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.