Македонија
6. February 2020 - 8:53

Укината забраната за сообраќај на Плетвар

Од 07:55 часот утринава е укината забраната за сообраќај на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.

Од претпријатието информираат дека на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар задолжителна е употребата на зимска опрема за тешките товарни возила. За останатите возила, сообраќајот се одвива непречено во зимски услови.