Укината забраната за камиони преку Стража и Пресека
Од 9:45 часот изутрина е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински превој Стража, а на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот превој Пресека е укината во 09:50 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Снежните врнежи што ја зафатија Македонија го отежнуваат сообраќајот на повеќе патни правци. Патниот правец Македонски Брод - с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид сообраќај.
Сообраќајот на другите патишта низ државата се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на Македонија.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонија Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.
Авионскиот и железничкиот сообраќај засега се одвиваат без застои.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите